Денес, ЕУРОИНГ успева да го издигне имиџот за квалитет во очите на бројните клиенти што всушност е и своевидна гаранција за беспрекорната изработка и задоволството кај клиентите во исто време..
EУРОИНГ моментално е компанија која е во постојан развој и која претендира да да ресте и понатаму со што може да се види и од учеството на меѓународни тендери, постојаното зголемување на возниот парк како и зголемувањето на бројот на вработени како со високо квалификувана работна сила така и со нови стручни кадри кои се спремни да допринесат за развојот и осовременувањето на компанијата.
Нашето мото е непрестано да го зголемуваме капацитетот на производство, да ја подобриме нашата ефикасност како и да постигнуваме се подобри финансиски резултати.
Цели на компанијата
- Осовременување на производството со употреба на нови еколошки прифатливи материјали;
- Рационална употреба на опремата, механизацијата и работната сила;
- Брзо и ефикасно завршување на задачите;
- Конкурентни цени на пазарот;
- Модернизација на технологијата на производство;
- Константно модернизирање на опремата и механизацијата како и
- Усовршување на техничкиот и административниот кадар.
- Зголемување на профитот
Тековни проекти:
- Изградба на прочистителна станица за отпадни води Гевгелија.
Освен со успешната соработка во рамките на нашата држава, ЕУРОИНГ исто така може да се пофали и со успешна соработка со бројни странски компании и има остварено бројни успеси надвор од границите на нашата држава.
- Украина како подизведувачи на Гранит Скопје
- Чешка со основање на мешовита фирма (4) години
Мисија: Постојано работење на македонскиот пазар и интегрирање на меѓународниот пазар, развој на сопствени типски градежни проекти, создадавање на мотивирачки услови за работа на своите вработени и кооперантите, економска корист на сите учесници во работењето на ЕУРОИНГ, да ја одржиме позицијата на конкурентност во нашата дејност во Македонија и да создадеме чувство кај инвеститорите за доверлив и сигурен партнер..
Визија: Преку зголемен број на задоволни инвеститори, партнерство со водечки градежни компании, примена на современа технологија, работење по највисоки стандарди за квалитет и со високопродуктивна механизација да ја зголемиме довербата на инвеститорите и партнерите.